Голманот на Манчестер Сити пред неколку дена се поврди на тренингот на „кралевите“, а во прашање е повреда на ахиловата тетива поради што би можел да ја пропушти целата сезона.
Иако се работи за поранешен голман на Барселона, тоа не му пречеше на Реал Мадрид да му испрати посебно писмо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во име на сите оние кои го сочинуваат реал Мадрид, посебно нашиот претседател, Флорентино Перез ти испраќаме најубави желби и ти посакуваме брзо опоравување. Многу ни е жал за она што ти се случи бидејќи повредите се најлошиот дел од фудбалот. Но, не се сомневаме дека со својот професионализам и посветеност ќе продолжил да носиш радост на фудбалските навивачи. Со голема почит, Реал Мадрид“, стои во соопштението на шпанскиот гигант.
Со оглед на тоа дека Браво веќе има 35 години, прашање е во каква насока ќе продолжи да се развива неговата кариера.
Muchas gracias al @realmadrid por tan noble gesto. Actos como este le hacen muy bien al fútbol. Un fuerte abrazo. pic.twitter.com/uUi1Mql3SN
— Claudio Bravo Muñoz (@C1audioBravo) August 28, 2018