Германскиот фудбалер Леон Горецка во септември минатата година го продолжи договорот со Баерн.
Долго се поврзуваше Горецка со други големи тимови, но на крајот остана во Минхен. Тој сега отворено зборуваше за богатите договори кои ги имаат неговите соиграчи. Некои ги одбиваа договорите сакајќи да извлечат повеќе пари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Искрено да кажам, тешко ми е да зборувам дека сме жртви со оглед на тоа колку заработуваме. На крајот секој си знае за себе, но комплетниот пакет кој го добиваме во Баерн е атрактивен за секој фудбалер на светот“.
Ваквите изјави на Горецка може да се сфатат како апел кон неговите колеги кои се во преговори со клубот и се фокусираат на финансискиот аспект. Давид Алаба и Никлас Суле токму поради тоа одлучија да заминат.
„Постојат поважни работи од парите. Истите замисли со клубот за мене имаат голема вредност, не е се во парите“, изјави Горецка кој сепак во Баерн заработува вистинско богатство од 15 милиони евра по сезона.