Раул Гонзалез за жал повеќе нема да биде тренер на нашиот тим Вардар. Шпанецот во едно многу емотивно интервју за СЕХА-лигата говори за својот престој во Скопје, за прекрасните години поминати во Македонија и слично.
„Кога дојдов овде имав поддршка од сите, од публиката, од клубот, од навивачите, од играчите. Ми беше чудно, бидејќи во Шпанија не е така. За разлика од Македонија, во Шпанија ракометот не е толку важен. Овде е прв спорт и тоа е голема разлика. Во Шпанија, 2-3 новинари ќе се појават на тренинг или на прес-конференција, а овде секој сака ракомет, сите живеат за тоа. Убаво е кога ќе видите полна сала, постојано навивање. Тоа е убавината на спортот. Во Шпаниа можам да одам каде што сакам и никој нема да знае дека сум ракометен тренер, а овде е различно, секој сака да се фотографира, да зборува со вас“, рече Гонзалез.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
– Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.