Вардар не успеа во борбата да ја брани Европската титула и утре ќе игра за бронзениот медал на Ф4 турнирот во Келн. Во текот на целиот меч, противникот беше во предност и на крајот заслужено победи. Ние имавме шанса да направиме пресврт, но до крајот Монпелје не попушти и на крајот се радуваше за пласманот во големото финале. Ова беше последна сезона и последен Ф4 турнир за Раул Гонзалез, како кормилар на Вардар. Тој на прес-конференцијата изјави дека е горд на своите ракометарии дека секогаш ќе останат во неговото срце.

-Честитки за Монпелје, направија доста добра работа на овој Ф4. Одиграа перфектен и фантастичен ракомет против нас. Цел меч ние правевме грешки. А, кога грешиш во нападот, високо ја плаќаш сметката. Во второто полувреме бевме подобри, имавме шанса да победиме, но Монпелје едноставно беше подобар од нас во клучните моменти. Честитки за играчите, горд сум на нив. Четири години минавме заедно, немам лоши зборови. Секогаш ќе се во моето срце“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…