Дома Фудбал Англија Гомеш пуштен од болница, познато и колку време ќе биде надвор од терените

Гомеш пуштен од болница, познато и колку време ќе биде надвор од терените

Играчот за врска на Евертон кој заработи тешка повреда е пуштен од болница после операцијата која му беше направена поради повредата која ја заработи во натпреварот против Тотенхем.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поранешниот фудбалер на Барселона мораше да оди на операција откако над него стартуваше Сон Хеунг Мин во 78-та минута од натпреварот.

Гомеш од „Гудисон Парк“ веднаш беше пренесен во болница, а вчера му беше извршена операција. Сега тој е пуштен од болницата и ќе може да продолжи со рехабилитацијата во домашни услови под будно око на докторите во Евертон.

Сепак и покрај ова многу се мали шансите Гомеш да заигра оваа сезона и се очекува да паузира помеѓу шест и осум месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бууум: Чаби Алонсо пред големо враќање!

Чаби Алонсо најави враќање на тренерската функција. Откако поради Реал Мадрид загуби годин…