Денес од 20:15 на Арената „Филип Вотори’ Шкендија го одигра својот натпревар од квалификациите за влез во Лигата на Европа.
Клубот од Тетово одигра фантастичен натпревар и може да се каже дека победникот во овој двомеч против ТНС е решен уште по првиот натпревар, со оглед на победата на Шкендија од 5:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тетовци рано уште во 14 минута отворија со голот на Емини.
За нов гол се чекаше до 38 минута кога и започна вистинското гол шоу на Бесарт Ибраими. Прво, во споменатата минута зголеми на 2:0.
На стартот од вториот дел го постигна и вториот погодок, а после точно еден час веќе имаше три погодоци на своето конто.
Конечните 5:0 беа поставени во 66 минута и по четврти пат стрелец беше Ибраими.