Дома Видео Гол „од милион евра“: Овој е стариот Депај – две парчиња, едно ремек дело од центар!

Гол „од милион евра“: Овој е стариот Депај – две парчиња, едно ремек дело од центар!

Мемфис Депај во Лион ја оживеа својата фудбалска кариера и повторно постигна спектакуларни голови, какви што „рендаше“ во времето за ПСВ Ајндховен, кога ја импресионираше фудбалска Европа и обезбеди трансфер во Манчестер Јунајтед каде си ја зафркна кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот вчера постигна два погодоци за победата на Лион против Тулуз од 4:0, а вториот од нив беше апсолутен спектакл бидејќи феномелниот лоб удат беше упатен до центарот на теренот и го матираше 18-годишниот Албан Лафон. Речиси сигурно ова е гол на колото во Европа овој викенд и еден од најубавите во оваа сезона од целокупниот европски фудбал.

И без Александар Лаказете, Лион има моќни адути кои прават одлични подвизи во првенството против послабите противници. Депај е еден од нив и засега сјајно ја користи шансата која му ја даде Лион. После големиот пресврт и победа над Рома во Лига Европа, Лион вчера беше убедлив и во првенството.

Против Тулуз поведе во 36-та минута со многу среќа. Жале се уфрли напред и шутираше од косо, а топката првин закачи некој од противничките играчи и потоа од пречката се одби во мрежата на младиот Лафон. Потоа, 20-годишниот Макс Корне покажа дека е достоен наследник на Лакацете, кога овој го напушти клубот. Постигна прекрасен гол во 47-та минута, после топка од Депај, лансирајќи проектил од 16 метри под пречката од Тулуз.

Депај зголеми на 3:0 со прецизен удар од косо, а потоа во 82-та минута го постигна и фантастичниот погодок од центарот на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…