Дома Фудбал Останато Голманот Ќосевски беше херој: Како Струга се пласираше во историскиот плеј-оф 🎥

Голманот Ќосевски беше херој: Како Струга се пласираше во историскиот плеј-оф 🎥

Струга Трим Лум забележа пораз од Есперанж во вчерашниот натпревар од третото квалификациско коло од Конференциската лига, но и покрај тоа се пласираше во плеј-офот за влез во групната фаза, кој ќе биде прв, историски за овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првиот натпревар Струга победи со 3:1, но до место во плеј-офот стигна навистина тешко, затоа што домашниот тим вчера доминираше, посебно во второто полувреме. Струга играше со играч помалку од 15. минута кога црвен картон заработи Марјан Радески.

Херој на македонскиот шампион беше голманот Ведран Ќосевски кој одбрани неколку тешки удари, домаќините упатија 12 удари во рамките од голот, а вкупно 23.

Противник на Струга во плеј-офот ќе биде Бреидаблик од Исланд кој во квалификаиите за Лигата на Европа беше поразен од Зрињски Мостар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што ќе биде со Меси по Светското првенство?

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони не можеше да каже дали ова Светско првенство е посл…