Дома Фудбал Англија Голманот на Евертон морал да ангажира лично обезбедување по стартот над Ван Дајк

Голманот на Евертон морал да ангажира лично обезбедување по стартот над Ван Дајк

Џордан Пикфорд можеби помина неказнето на фудбалски план после стартот над Ван Дајк, но приватно голманот се соочил со сериозни проблеми.

Имено, Пикфорд и неговата сопруга изнајмиле лично обезбедување откако добиле закани по живот поради стартот со кој во градското дерби го повреди стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот голман се плаши за своето семејство и откако добил голем број закани упатени кон него и кон неговото семејство се решил на ваков чекор.

За „Дејли Мејл“ за ситуацијата на Пикфорд зборувал извор близок на семејството.

„Џордан е шокиран со заканите кои ги добива после тој натпревар. Одлучен е да направи се што треба за да го заштити своето семејство. Тој ангажираше обезбедување“, гласела изјавата на изворот кој „Дејли Мејл“ не го именува.

Обезбедувањето е поставено пред вилата на Пикфорд вредна два ипом милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …