Лоши вести за нашиот женскиот национален тим непосредно пред тргнувањето за Германија, каде утре вечер, во Хале, следува првиот натпревар од квалификациите за пласман на Евробаскетот кој во 2023 година ќе се одржи во Словенија и Израел.
Стручниот штаб, предводен од селекторот Александар Ашаданов нема да може да сметаат на услугите на Девана Бонер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бонер, која е еден од нашите најголеми адути во квалификацискиот циклус, се пожали на болки во пределот на рбетниот столб. По деталните лекарски прегледи, и ренгентските снимки, лекарскиот тим на нашата селекција процени дека во овој момент натурализираната Американка не може да одговори на барањата кои со себе ги носи еден натпревар од вака висок рејтинг како што се квалификациите за Евробаскетот 2023.
Согласно со тоа, Бонер мора да мирува во наредните неколку дена, и да ја спроведе планираната рехабилитација. А наредната контрола ќе покаже дали таа ќе биде подготвена за вториот меч од квалификациите.
Оној во недела навечер од 19.часот, против селекцијата на Босна и Херцеговина во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
„Не можеме ништо против ова. Сериозен, огромен хендикеп ќе биде отсуството на Девана на овој меч во Германија. Лекарите советуваа таа да мирува, да одработи дополнителни терапевтски вежби, и да се обиде да биде подготвена за натпреварот во недела, против БиХ. Нема дополнителен повик, за Хале патуваме со 11. кошаркарки, и со желба да прикажеме добра игра против фаворитот“- констатира селекторот Александар Ашаданов непосредно пред заминувањето за Германија.