Дома Фудбал ГОЛЕМ СИ ЧОВЕКУ: Канте се понудил да ја финансира истрагата по Емилијано Сала!

ГОЛЕМ СИ ЧОВЕКУ: Канте се понудил да ја финансира истрагата по Емилијано Сала!

Исчезнувањето на авионот на Емилијано Сала кој леташе од Нант кон Кардиф се уште е тема број во еден спортските медиуми.

Авионот на Сала исчезна во понеделникот околу 20:00 часот. Спасувачките служби и полицијата имаа потрага која траеше три дена, а потоа истата беше прекината поради екстремно малите шанси за Сала и пилотот да бидат пронајдени живи.

Во фудбалскиот свет не престануваат да се појавуваат пораки за службите да ја продолжат истрагата, но помеѓу сите се издвојува Н’Голо Канте.

Канте важи за крајно скромен човек со голема срце, а дека е навистина така Французинот самиот потврди по кој знае кој пат.

Имено, тој засега е единствениот фудбалер кој се понуди да ја финансира целата истрага за пронаоѓање на Сала.

Иначе, Канте и Сала заедно играа во Каен во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…