Огромен расистички скандал ја тресе Португалија, а во центарот на скандалот е африканскиот напаѓач на Порто, Муса Марега.
28-годишниот репрезентативец на Мали го напушти теренот против Викторија Гимараеш, откако од трибините беше расистички навредуван.
Marega abandona o relvado no D. Afonso Henriques contra a vontade de colegas e equipa técnica#LigaNOS #VSCFCP
— VSPORTS (@vsports_pt) February 16, 2020
?⏱ https://t.co/q8tCRvjMxS pic.twitter.com/vRd7LfTtme
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Марега го прослави голот со покажување на бојата на својата кожа, по што беше пречекан со мајмунски извици и со фрлање столчиња од трибините. Тој зеде едно од столчињата кои беа фрлени кон него и се обиде да си замине од теренот, по што мораа да го убедуваат фудбалерите на двата тима и неговиот тренер Сержо Консеисао.
Марега не го продолжи мечот и покрај силните напори на играчите да го убедат да остане на теренот.