Дома Македонски спорт Мак ракомет „Голем професионалец, ќе те паметиме засекогаш…“, Бутел се прости од Тот

„Голем професионалец, ќе те паметиме засекогаш…“, Бутел се прости од Тот

Денес македонската спортска јавност беше потресена од смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше член на Бутел Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во јавноста има разни информации, а до овој момент не се откриени официјални детали како и поради што ракометарот го загубил животот.

Преку социјалните мрежи од Тот се прости и неговиот клуб, Бутел.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Денис Тот. Хрватскиот интернационалец кој имаше 27 години ја играше првата сезона во Бутел Скопје и беше голем професионалец на ракометниот терен и надвор од него. Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!“, стои во објавата на Бутел на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…