Голема трагедија го погоди семејството кое својот годишен одмор го поминуваше во Вила нова де Милфонтес во Португалија. Имено куќата во која престојуваше семејството ја зафатил пожар, а животот го загубиле двајцата родители и нивната ќерка.
Несреќата ја преживеа само 13-годишното момче Француско кое помина неколку недели во болница. За помош на момчето прв кампања започна инфлуенсерот Зек Дерниовски од Канада, но кога дозна дека малото момче е голем фан на Роналдо се потруди да им органзиира средба.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На крајот кампањата завршила успешно и во двете мисии. Француско се сретна со својот голем идол, а исто така се собрале над 100.000 долари кои се префрлени на располагање на момчето кое остана без своите најблиски.
За да се заврши средбата помогнал репрезентативецот Нелсон Семедо, а Роналдо разговарал десетина минути со детето и му подарил свој дрес.