Барселона и понатаму не успеала да застане на цврсти нозе кога се финансиите во прашање, но на теренот им оди одлично и каталонците имаат максимални четири победи во првите четири кола.
На почетокот на сезоната не можеше да го регистрира Дани Олмо, а клубот го направи тоа кога се поздрави Андреас Кристинсен и шпанскиот офанзивец беше пријавен на неговото место.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во таа ситуација, Лапорта откри дека на помош се понуди Роберт Левандовски.
„Морам посебно да го издвојам. Покажа колку е верен на клубот. Кога слушна дека мораме да дадеме дополнителен труд за да бидеме во границите на фер-плејот се понуди да му ја намалиме платата“, изјави Лапорта.
Инаку, платата на Левандовски во бруто износ е 33 милиони евра. Полскиот голгетер во Барселона пристигна пред две години од Баерн Минхен за оштета од 45 милиони евра и за Барселона одигра 99 натпревари во кои постигнја 63 гола.