Дома Македонски спорт Мак фудбал Големо засилување за битолчани: Христов е ново име во нападот на Пелистер!

Големо засилување за битолчани: Христов е ново име во нападот на Пелистер!

ФК Пелистер денес го претстави првото големо засилување, тоа е напаѓачот Симеон Христов кој доаѓа од ФК Гостивар.

Искусниот напаѓач има настапувано за ФК Вардар , ФК Работнички , ФК Македонија ЃП, ФК Тиквеш а пред 10 години ги бранеше и боите на ФК Пелистер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Благодарност до управата и до тренерот за довербата да бидам дел од тимот и се надевам дека сите заедно ќе успееме во зацртаната цел за влез во ПМФЛ. Ова е мое второ доаѓање во Битола и имам прекрасни спомени од тука. Ова е фудбалски град со голема традиција и навивачи кој заслужува место во ПМФЛ“, изјави Христов по потписот на договорот.

Пелистер сезонава не успеа да се врати во Првата лига и во Втората заврши зад Воска Спорт, Гостивар и Вардар на четвртата позиција. Неодамна на кормилото на битолскиот клуб пристигна искусниот стратег Влатко Костов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…