Португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело е големо промашување на Манчестер Сити минатото лето.
Тренерот Пеп Гвардиола положувше големи надежи во него и на Јувентус му плати 37 милиони евра и во Торино го испрати Бразилецот Данило. Меѓутоа Кансело скоро и да не покажа ништо во Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Премиер лигата Португалецот настапи само на 11 натпевари. Тоа очигледно не му се допаднало, па „Мундо Депортиво“ објави дека сака да го напушти тимот во јануари.
И претходно се шпекулираше дека може да ја промени средината и да стане дел од размена на Сити и Барселона. Наводно, Гвардиола го сака Нелсон Семедо и за него на Барса сака да и го понуди Португалецот. Од Барса пак Кансело веднаш би можеле да го вклучат во потенцијалниот трансфер на Лаутаро Мартинез.
Кансело во Интер настапуваше во сезоната 2017/2018 и играше прилично добро. Сепак овие информации се уште се само во рамките на шпекулациите.
Иако има само 26 години овој десен бек промени повеќе клубови. Освен за Сити, Јувентус и Интер играше уште за Бенфика и Валенсија.