Дома Фудбал Големите клубови бараат радикални промени во Лигата на шампиони

Големите клубови бараат радикални промени во Лигата на шампиони

Претставници на најголемите европски клубови утре ќе имаат средба со раководните луѓе на УЕФА, а тема ќе бидат евентуалните промени во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампиони.

Средбата ќе се одржи утре во седиштето на УЕФА, Нион и ќе биде од неформален карактер.

Се претпоставува дека клубовите сакаат да предложат нов модел, кој ќе вклучува создавање на супергрупи за влез во Лигата на шампиони. Тоа уште повеќе ќе го ограничи присуството на малите клубови во најлетниот турнир.

Ќе биде разгледано и евентуалното преместување на натпреварите од Лигата на шампиони во викенд, како и играње на финалиња на стадиони надвор од Европа. Тоа дополнителни ќе ги зголеми приходите од ТВ правата.

Сите овие промени би можеле да бидат воведени дури после 2024 година, бидејќи има договор дека овој формат на Лигата на шампиони не може да биде променет до споменатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…