Репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на Европското првенство, откако во полуфиналето ја совлада фаворизираната Франција со резултат 23:27.
Шпанија одлично го започна натпреварот, а клучна улога одигра и Арпад Штербик кој одбрани три пенали, два во првото полувреме и и овозможи на „фуријата“ да направи предност од 6 гола разлика на полувремето (9:15).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме Шпанија стигна до 9 гола предност, но Французините не се предадоа, постигнаа 6 гола по ред и на десет минути до крајот стигнаа до само три разлика (20:23). Црната серија на „фуријата“ ја прекина Канељас кој погоди за 20:24, а потоа Шпанија рутински ја задржа предноста до крај.
Најефикасен во победничкиот тим беше Соле со 7 гола, а Ентрериос постигна шест погодоци. Кај Французите најефикасен беше Сорендо со шест гола.