Дома Македонски спорт Мак фудбал Голема победа на ЖФК Љуботен: Се враќа на Градскиот стадион во Тетово!

Голема победа на ЖФК Љуботен: Се враќа на Градскиот стадион во Тетово!

Женскиот фудбалски клуб Љуботен се враќа на Градскиот стадион по неколку неделната борба со Општината.

Општина Тетово од некои причини претходно не дозволуваше ЖФК Љуботен да игра на Градскиот стадион иако условите беа исполнети. Сепак, сега фудбалерките на тетовскиот клуб ќе можат да го користат Градскиот стадион и токму на него ќе го играат дербито против ЖФК Тиверија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Соопштението на ЖФК Љуботен ви го пренесуваме во целост:

Тоа што пред неколку недели го ветија раководните луѓе на Градскиот стадион во Тетово тоа и го исполнија, дерби натпреварите од првата женска фудбалска лига ЖФК ЉУБОТЕН да ги игра на Градскиот Стадион во Тетово!

Па така дерби натпреварот од 10тото коло помеѓу екипите на ЖФК Љуботен и ЖФК Тиверија ќе се одигра во сабота 04.11.2023год. со почеток во 13:00часот на Градскиот стадион во Тетово!

Повик до сите вљубеници во спортот посебно во фудбалот во што поголем број да го проследиме овој дерби дуел и заедно да го бодриме ЖФК Љуботен до нова победа!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…