Стив Кер, тренерот на Голден Стејт на сред натпревар против Феникс Санс сфати дека нема што повеќе да ги научи играчите на актуелниот НБА шампион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на еден тајм-аут, Кер го повика Андреа Игодала му го предаде фломастерот и рамката на која се цртаат акциите и се тргна на страна. Ваквата замена се исплатеше бидејќи на крајот Вориорсите го совладаа Феникс со дури 46 поени разлика (129:83).
Кер после натпреварот го објасни својот потег.
„Им кажавам дека ова е нивни тим, а не на теренерот или претседателот. Да, јас сум тренер да ги водам, но не и да ги контролирам. Со оглед на тоа колку добро играат, имаат право да го најдат својот пат. Мислам дека ова беше добра одлука, бидејќи откако им го препуштив тимот одлично комуницираа и направија навистина добро акции“.
Steve Kerr's just letting the Warriors coach themselves. pic.twitter.com/GIRPtyMWML
— ESPN (@espn) February 13, 2018