Дома Фудбал Лига на шампиони Гнабри во Лондон постигна четири погодоци и ја “оживеа“ изјавата на Тони Пулис од 2015. година

Гнабри во Лондон постигна четири погодоци и ја “оживеа“ изјавата на Тони Пулис од 2015. година

Серж Гнабри постигна четири погодоци во победата на Баерн над Тотенхем во Лондон.

Баерн славеше со рекоердни 7:2 и така стана првиот клуб кој постигнал седум погодоци во европските натпреварувања во Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гнабри воодушеви во синоќешниот натпревар, а сега низ социјалните мрежи кружи изјавата на поранешниот тренер на ВБА, Тони Пулис.

Имено, кога Гнабри беше позајмен од Арсенал во ВБА, Пулис не беше задоволен од играчот и одигра само еден натпревар.

„Не е доволно добар за натпреварите во Англија.“ – кажа Пулис во 2015. година, а не ни претпоставуваше дека за неколку години ова момче ќе заврши во Баерн и во Лондон ќе постигне четири погодоци против Тотенхем.

Гнабри порасна во Штутгарт, како талент стигна во академијата на Арсенал, играше неколку години за Топџиите, но без поголема шанса во првиот тим, потоа замина на позајмица во ВБА, па премина во Вердер за да во 2017. година пристигне во Баерн.

Иако минатата сезона играше на позајмица во Хофенхајм, се чини дека во иднина младиот 24-годишен крилен играч ќе биде важен во редовите на германскиот првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…