Во пресрет на утрешниот натпревар денес прес конференција за медиумите одржа и селекцијата на Полска.
На конференцијата за медиуми се појавија селекторот Јержи Брзжек и Камил Глик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Глик кој долго време играше во Италија доби прашање за нашите репрезентативци Пандев, Несторовски и Трајковски.
„Ги познавам сите тројца, играат во големи клубови и се одлични играчи. Ова е изеданачена група и Македонија нема случајно четири бодови. Утре очекуваме тежок натпревар“, изјави Глик.
Селекторот на Полска, Брзжек ја пофали формата на неговата репрезентација:
„Два натпревари во јуни не се погодни, но од она што го видов додека се подготвувавме ќе бидам задоволен ако тоа го спроведеме на теренот“, изјави Брзжек.
Натпреварот помеѓу Македонија и Полска се игра утре со почеток во 20:45 часот.