Дома Фудбал Лига на шампиони Глигоров: Не може да се опише чувството во ЛЕ да се игра со првата фудбалска љубов и клубот на мојот живот

Глигоров: Не може да се опише чувството во ЛЕ да се игра со првата фудбалска љубов и клубот на мојот живот

По пласманот во групната фаза во ЛЕ и дознавањето на противниците во истата, заменик капитенот на Вардаровиот состав, Никола Глигоров потенцира дека противниците се тешки, но дека тимот е мотивиран да го даде својот максумум и да се претстави во најдобро светло.

„Противниците напоротив од многуте мислења, се атрактивни. Зенит е екипа која постојано е во групната фаза од ЛШ, Реал Сосијдедад пак, на домашен терен тешко кој може да ја добие. Кога станува збор за Розенборг да се потсетиме го елиминираше Ајакс. Ова е нешто ново за нас, но на секој меч ќе влеземе максимално мотивирани. Ако работиме и имаме дисциплина, сметам дека екипата може да дојде до поволни резултати. Цели нема да наметнуваме бидејќи сме дебитанти и не би се заканувале. Но, можеме да ветиме безпоштедна борба до последната минута од секој меч и секој од тимот ќе го даде својот максимум, да го претставиме клубот најдобро на меѓународната сцена“, истакна Глигоров.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Глигоров е ова среќен момент кој ќе им овозможи на него и неговите соиграчи да играат во групната фаза од ова натпреварување со клубот на неговиот живот.

„Да се биде дел од ЛЕ со некој клуб е една работа,но да си таму со првата фудбалска љубов и клубот на твојот живот е нешто сосема поинаку. Ова не се опишува. Пресреќен сум што постојано добиваме позитивни критики и Скопје го кренавме на нозе. За само два дена вреден за пофалба е и шефот на стручниот штаб кој одлично не подготви за Фенербахче. И уште еднаш ќе кажам, резултат од 4:1 не може да биде победа на среќа“, заклучи Глигоров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…