Иако се големи ривали, Карлос Алкараз не крие дека ги гледа мечевите на Новак Ѓоковиќ и тоа го призна по победата против Ден Еванс на УС Опен со 3:1 (6:3, 6:2, 4:6, 6:3).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ еден ден пред Алкараз играше против Ѓере, Алкараз во овој меч ги гледал само првите два сета кога Ѓере имаше водство од 2:0 во сетови. Сепак, Шпанецот немал дилеми дека Ѓоковиќ ќе победи.
„Ги гледав првите два сета од тој меч, потоа си легнав. Но, знаев дека Ѓоковиќ ќе се врати и ќе победи, уште еднаш само докажа дека е еден од најдобрите во историјата“, изјави Алкараз.
Не штедеше пофалби Алкараз за својот ривал.
„Лудо е тоа што го прави Новак, да се прават такви работи на 36 години е неверојатно. Игра како 20-годишник, мора тоа да го признаете и да му се восхитувате“, истакна Шпанецот.