Дома Фудбал Италија Ги „фрли“ во „СЕНКА“ Меси и Роналдо, но е скромен: Важни се победите, не моите голови

Ги „фрли“ во „СЕНКА“ Меси и Роналдо, но е скромен: Важни се победите, не моите голови

Ѕвездата на Јувентус за која многу се зборува на стартот од сезоната, Паоло Дибала, беше скромен после новите два погодоци во градското дерби и победата на неговиот тим од 4:0.

Дибала оваа сезона веќе постигна 10 погодоци на шест натпревари и со самото тоа тој зад себе веќе ги остави Кристиано Роналдо, Лионел Меси, Карим Бензема, Нејмар и останатите европски ѕвезди, единствен во овој момент кој има повеќе постигнати голови од Аргентинецот е Колумбиецот, Радамел Фалкао, но тој одигра и еден натпревар повеќе и беше стрелец на 11 погодоци за Монако.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мојот тим игра одлично, посебно во нападот, во добра форма сум, се надевам дека ќе успеам да ја задржам. Се чуствувам фантастично, но за мене многу поважно е да освојуваме титули, отколку јас да постигнувам погодоци. Наша цел оваа сезона се сите трофеити во сите натпреварувања“, изјави Аргентинецот кој потоа зборуваше и за својот соиграч од Јувентус и репрезентацијата, Гонзало Игуаин.

„Кога си напаѓач, а не постигнуваш голови, јасно е дека поминуваш низ лош период. Но Гонзало е фудбалер од светска класа потребен му е само еден погодок и ситуацијата ќе се промени“, заврши ѕвездата на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тренерот на Тотенхем: 99% од фановите сакаат да загубиме од Сити

Тренерот на Тотенхем, Постекоглу, не може да поверува дека 99 проценти од фановите на него…