Дома Фудбал Англија Ги помина сите граници: Овој човек е рекордер во „крадење“ време!

Ги помина сите граници: Овој човек е рекордер во „крадење“ време!

Верувале или не, натпреварот кој во неделата го одиграа Кардиф и Барнли содржеше само 42 минути активна игра, додека преостантите 48 беа потрошени на прекини и разни задржувања.

Во последните пет години никогаш не се случило нешто слично, а сопственици на рекордот за „најкраток“ натпревар во Премиер лигата и понатаму се Астон Вила и Стоук кој во декември 2013 година одиграа натпревар со 40 минути и 50 секунди активна игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој натпревар даде неочекувано „херој“. Стоперот на Кардиф, Син Морис кој воедно е и капитен на овој клуб потрошил дури осум минути на изведување аути, ситни прекршоци и валкање по теренот.

Натпреварот помеѓу Кардиф и Барнли предизвика реакција од раководството на лигата, но и челниците на „Football Association Board (IFAB)“, фудбалско тело кое мора да го разгледа секое правило пред да биде усвоено.

Оваа асоцијација минатата година ја започна иницијативата „Фер Плеј“ во која главна цел беше да се зголему атрактивноста и убавината на играта. Тие сакат да утврдат дали технологијаа или некои примери од другите спортови можат да помогнат во таа цел.

Наводно, еден од предлозите е натпреварот да се игра во две полувремиња по 30 минути со што би се стопирало времето секогаш кога играта е прекината.

На крајот вистинско чудо е како на овој натпревар видовме три гола бидејќи Барнли како гостин го совлада Кардиф со 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=kQoN7FpyGq8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…