Селекторот на репрезентацијата на Велс и поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс смета дека Рохо е главниот виновник за изедначувачкиот гол на Ливерпул.
Лидерот во Премиер лигата со голот на Лалана во 85. минута стигна до бод на гостувањето во Манчестер (1:1). Гигс смета дека Аргентинецот е виновен што неговиот поранешен клуб ја испушти победата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Рохо да ја држеше свјата позиција ќе можеше се да расчисти. Ако го следите Рохо, тој изгледа дека предвидува каде ќе помине топката, на место да го чува играчот“, изјави Гигс.
Рохо не беше во планот да игра, но кога Туанзебе се повреди на загреваањето, излезе на теренот на неговото место во последната линија со три стопери.