Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан, Интер и Јувентус се силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.
25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Со оглед на фактот дека нема најава за негово продолжување, трите најголеми клубови на Апенините ќе се обидат да ја искористат таквата ситуација.
Меѓутоа, конкуренцијата за потписот на Фабиан Руиз е голема бидејќи интерес за него покажуваат Барселона, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Наполи е спремен да го продаде Шпанецот на лето, но не сака да го продава на друг клуб од Серија А.