ПСЖ е последниот клуб кој се вклучи во трката за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.
Станува збор за 20-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој веќе е стадарден и во португалската репрезентација, а скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.
Манчестер Јунајтед, Сити, Челзи, Баерн Минхен и Реал Мадрид веќе подолго време го следат Антонио Силва и сакаат да го доведат на лето.
Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Силва има договор со Бенфика до 2027 година, а португалскиот клуб за неговата слобода бара 100 милиони евра.