Дома Топ вести Гигантите се тепаат за него: Купен е за 10, денес вреди 100 милиони!

Гигантите се тепаат за него: Купен е за 10, денес вреди 100 милиони!

После пеколниот летен преоден рок сигурно дека и во јануари ќе не очекуваат неколку звучни трансфери за кои уште сега се шпекулира.

Англиските медиуми објавија листа на фудбалери кои оваа зима би можеле да бидат во центарот на вниманието, а сигурно еден од најпосакуваните е младиот играч на Лајпциг, Дајот Упамекано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 19-годишен дефанзивец во Лајпциг пристигна минатиот јануари од Салзбург за 10 милиони евра, па го воодушеви фудбалскиот свет со своите партии за германскиот клуб.
Францускиот фудбалер поникна во редовите на Валенсиенес, но првиот професионален договор го потпиша со Лиферинг, а после само една сезона Салзбург го купи за „само“ 2,2 милиони евра.

Сигурно дека многу љубители на фудбалот се уште не чуле за овој фудбалер кој е на мета на најголемите европски клубови.

Барселона, Арсенал и Милан се најсилно заинтересирани за него и се спремни да понудат 40 милиони фунти, но Лајпциг му нуди нов договор во кој ќе има откупна клаузула од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…