Дома Трансфер зона Гигантите се „тепаат“ за Маркус Турам

Гигантите се „тепаат“ за Маркус Турам

Напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам го привлече инетресот на европските гиганти.

„Билд“ пренесува дека на лето неколку европски гиганти ќе се борат за потписот на 23-годишниот напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул ова лето покажа интерес за Турам, но „црвените“ на крајот се одлучија да се насочат кон Диого Жота од Вулверхемптон. Меѓутоа следното лето конкуренцијата за неговиот потпис ќе биде многу голема.

„Билд“ тврди дека интерес за Турам покажуваат уште Барселона, Јувентус, Милан и Манчестер Сити.

Турам игра одлично оваа сезона и постигна два гола против Реал и еден против Интер во ЛШ, па доби и прв повик за француската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

На дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ вчера се појави агентот на Бе…