Холандскиот гигант Ајакс оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа со одличните партии во Лигата на шампиони, а особено во осминафиналето против Реал Мадрид.
Младиот тим на Ајакс го понижи европскиот шампион на „Сантиаго Бернабеу“ и покажа дека ги има едни од најталентираните фудбалери во светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ајакс дефинитивно има фантастична генерација на млади фудбалери, а меѓу нив е и 22-годишниот Бразилец Давид Нерес, кој на лето би можел да направи животен трансфер.
Френки де Јонг од следната сезона ќе игра за Барселона, која за неговиот потпис искешира 75 милиони евра. За „Златното момче“ Матијас де Лихт се борат најголемите европски гиганти, а меѓу најбараните фудбалери на Ајакс е токму и Нерес.
Холандските медиуми пренесуваат дека за него најсилен интерес покажува Пари Сент Жермен. „Светците“ се очекува наскоро да достават понуда која холандкиот клуб нема да може да ја одбие.
Оваа сезона Нерез одигра 42 натпревари на кои постигна 11 гола и асистираше 14 пати.
PSG : Maxwell passe à l’action dans le dossier David Neres https://t.co/BSqf3vqfUO
— Foot Mercato (@footmercato) April 5, 2019
Нерес е инаку дете на Сао Паоло, во 2017 година се пресели во Амстердам за 12 милиони евра, а во Ајакс ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Неодамна дебитираше и за бразилската репрезентација, па несомнено се работи за голем талент. Покрај ПСЖ интерес за него покажуваат уште Манчестер Сити, Милан и Баерн Минхен, а Ајакс за неговата слобода бара 50 милиони евра.