Дома Останати Кошарка Германците шокирани од Дончиќ: Вечерта пред натпреварот, пиеше Кока-Кола и пушеше цигари

Германците шокирани од Дончиќ: Вечерта пред натпреварот, пиеше Кока-Кола и пушеше цигари

Германските кошаркари во неделата со убедливи 90:71 ги совладаа Словенците во квалификациите за Светското првенство.

Тимот кој го предводеше Лука Дончиќ не можеше ништо да направи против разиграниот домаќин со кој ќе се сретне и во групата на Евробаскетот кој започнува на 1. септември.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дончиќ беше најдобриот поединец во Словенија со 23 поени, шест скокови и пет асистенции, но германските медиуми истакнуваат дека не му било лесно да дојде до тој учинок. Словенците и Германците се сместени во ист хотел, па тие пренесуваат детали од ноќта пред натпреварот.

Тие посебно биле изненадени од однесувањето на Дончиќ.

 „Во текот на целата вечер беше многу опуштен. Седеше далеку од гужвата, играше карти, пиеше Кока-Кола и пушеше цигари“, пишуваат германските медиуми.

Германија е една од четирите држави домаќини на Евробаскетот и во групата Б покрај Словенија ќе игра уште со Франција, Литванија, БиХ и Унгарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хрватот Хезоња збесна и сочно го пцуеше словенечкиот судија 🎥

Кошаркарите на Реал Мадрид вчера ја победија Басконија со 101:90 и поведоа со 2:0 во четвр…