На Чаби Алонсо му оди одлично на клупата на Баер Леверкузен, па неговото име веќе почна да се поврзува со поголеми европски клубов, а германските медиуми откриваат специфична клазула во неговиот договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно, во договорот на Шпанецот има откупна клазула која важи само за три клуба Ливерпул, Баерн Минхен и Реал Маддрид.
Засега не се открива висината на клазулата, меѓутоа со Реал Мадрид медиумите веќе го поврзуваа и претходно.
Леверкузен во овој момент е најдобар тим во германското првенство со девет победи од десет натпревари и просек од 2.8 бода по натпревар. Исто така се најефикасен тим со 37 постигнати гола или 3.7 по натпревар.
Токму и затоа не е чудно што името на Алонсо се поврзува со други клубови.