Баерн Минхен минатата сезона успеа да се извлече и поради поразот на Борусија Дортмунд во последното коло ја освои 11-титула во низа во Бундеслигата. Но, сезонава едноставно немаа шанси против фантастичниот Леверкузен предводен од Чаби Алонсо.
За слабите резултати на Баерн според легендарниот Лотар Матеус најмногу е виновен Томас Тухел за кого Баерн веќе потврди дека заминува на крајот од сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Матеус го критикуваше Тухел по вчерашниот пораз од Хајденхајм во кој Баерн имаше 2:0 на полувреме, а на крајот беше поразен со 3:2.
„Тухел повеќе не може да допре до тимот. Настапите на прес-конференциите му се чудни и верувам дека Баерн ќе реагира во следните 24-48 часа. Едноставно вака не може да се продолжи ниту до крајот на сезоната. На екипата и треба нов имплус кој Тухел не може да го понуди. Не знам кој би требало да го наследни, се споменуваат повеќе имиња, но само тргнете го него, тоа е најважно во овој момент“, изјави Матеус.
Сепак, не се очекува Баерн да го менува тренерот во овој момент бидејќи веќе во вторник тимот го чека првиот натпревар од двомечот против Баерн во Лигата на шампионите.