Манчестер Јунајтед ја заврши сезоната во Премиер лигата на осмото место со 60 бодови, 31 помалку од шампионот и градски ривал Манчестер Сити.
Во Лигата на шампионите веќе беше елиминиран во групата, а пред летната пауза го чека финалето на ФА Купот со Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јунајтед на тој начин ја продолжи серијата разочарувачки сезони по заминувањето на легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон.
Гери Невил, поранешниот дефанзивец на Јунајтед и поранешен англиски репрезентативец, денес стручен коментатор, истакна дека му е жал за еден играч од тимот на тренерот Ерик Тен Хаг, а тоа е данскиот напаѓач Расмус Хојлунд (21).
Да потсетиме, Хојлунд минатото лето пристигна во Јунајтед од Аталанта за 73,9 милиони евра.
Досега има одиграно 42 натпревари на кои постигна 16 и асистираше за два гола.
„Жал ми е за Хојлунд. Разговаравме за тешкотиите што Јунајтед ги имаше во однос на бековската четворка, но истото важи и за нападот. Хојлунд не знае каков е планот, дали крилниот напаѓач ќе тргне по линијата или ќе влезе во средината. Се гледа дека тргнува добро, по што крилниот напаѓач влегува во средината и започнува серија од 15 додавања.
Вториот пат се повлече и се обиде да се вклучи во акцијата, но тогаш крилниот напаѓач отиде до линијата и нафрли. Додека Јунајтед нема константен план за игра, главниот напаѓач ќе има невозможна задача“, анализира Невил, пренесува Дејли Мејл.