Дефанзивецот на Челзи, Гери Кејхил ја одби понудата на Јувентус и реши да остане на „Стенфорд Бриџ“, пренесува „Скај Спорт“.
„Старата дама“ заедно со Фулам и Монако покажаа силен интерес за 33-годишниот дефанзивец, но Кејхил проценил дека за него е најдобро да остане во Челзи и да се бори за место во тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кејхил е во Челзи од 2012 година, но оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и воопшто не добива шанса кај Сари.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па тој одлучи да си замине на лето како слободен агент.
Gary Cahill has rejected the chance to join Juventus. He wants to stay and fight for his place at Chelsea. (Source: SkySports) #DeadlineDay pic.twitter.com/FXTHGyCWDQ
— Deadline Day (@DeadlineDayLive) January 31, 2019