Дома Останати Георгина: Роналдо дома не смее да менува сијалици и да се меша во кујната

Георгина: Роналдо дома не смее да менува сијалици и да се меша во кујната

Кристиано Роналдо веќе долго време е заедно со Георгина Родригез, а двајцата имаат и едно заедничко дете, а Роналдо има и уште три деца за кои Георгина вели дека идентично се грижи.

Сега Георгина имаше интервју за „Спортсвик“ во кое зборуваше и на некои приватни теми од нивниот дом. Според нејзините зборови на Роналдо му забранила да се меша во кујната и да менува сијалици во домот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кристиано е најдобриот сопатник за животот за кој можев да сонувам. Но, има забрана да биде во кујната. Воопшто не знае да тови. После напорните тренинзи и натпревари заслжува добар оброк. Имаме готвач во домот, но некогаш и јас му правам јадење уживам во тоа. Тој не смее да се меша додека го приготвувам.“.

„Освен тоа тој не смее да менува и сијалици. Таваните на куќата ни се високи шест метри и подобро да не се обидува да прави такво нешто. Мора да внимава и се чува за она што е најдобар“, изјави Георгина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатниот Дуплантис по осми пат си го сруши сопствениот рекорд

Неверојатниот Арманд Дуплантис неколку години наназад ги поместува границите во светската …