Георгина Родригез даде интервју за англискиот таблоид „Сан“ во кое разговараше на различни теми.
Роналдо е познат како голем фанатик на здрави навики, здрава исхрана и вежбање. Токму поради тоа и на 35 години се одржува на највисоко ниво.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред некое време Роналдо даде изјава во која порача дека го нервира кога неговиот син јаде чипс и пие Кока Кола.
„Понекогаш пие Кока Кола и јаде чипс и тоа многу ме нервира и тој тоа добро го знае“, гласеше изјавата на Роналдо.
Георгина сега оваа негова изјава ја потврди.
„Кога него го нема си дозволуваме некои работи кои тој не сака да ги конзумира. Понекогаш и Кристиано јаде пица, но само едно парче. После тоа прави стомачни. Сакам да го изненадам со она што му се допаѓа, но можам да кажам дека кога него го нема сите можеме убаво да се најадеме“, изјави Георгина.