Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез беше дел од модната недела во Париз, а камерите ја уловија во еден разговор со Јелена Карлеуша која знае како е да се биде покрај фудбалер бидејќи подолг период помина заедно со Душко Тошиќ.
Интересен беше моментот во кој Георгина и зборуваше на српската пејачка уште колку ќе игра Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кристијано ќе игра уште една година, потоа е готово. Можеби две, не знам“, изјави Георгина.
Роналдо летово со Португалија ќе го игра своето шесто европско првенство и се шпекулира дека сака да ја заврши кариерата на Мундијалот во 2026 година.
🎙️ Georgina Rodriguez at Paris Fashion Week yesterday appears to confirm the end of Cristiano Ronaldo’s career is coming:
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 2, 2024
“Cristiano one more year, then it’s over. Maybe two, I don't know.” 😢🇵🇹
(🎥 @ArobaseGiovanny) pic.twitter.com/kZUgjt9pKx