Дома Фудбал Англија Генијална асистенција на Мартинели и супер гол на Сака – и Арсенал стартуваше со три бода! 🎥

Генијална асистенција на Мартинели и супер гол на Сака – и Арсенал стартуваше со три бода! 🎥

Не сигурно како Манчестер Сити, но и Арсенал новата сезона ја започна со освоени три бода. „Топџиите“ беа подобри од Нотингем Форест со 2:1.

Започна офанзивно Арсенал и создаваше прилики, а таквата игра им се исплатеше во 26-тата минута кога Никетиа погоди за 1:0. При овој гол на Никетиа се истакна Мартинели со едно генијално проигрување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само шест минути подоцна Арсенал веќе имаше 2:0, сега Сака постигна убав погодок. Со предноста од 2:0 избраниците на Артета заминаа на полувреме.

Во второто полувреме Нотингем заигра подобро, почна да создава по некоја прилика, а на десетина минути пред крајот на натпревар Авонџи по асистенцијата на Еланга намали на 2:1.

Сепак, до крајот Арсенал не дозволи да ја испушти предноста и ги освои бодовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан почна преговори со Конте

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…