Дома Трансфер зона Гвардиол во својот договор имал откупна клазула

Гвардиол во својот договор имал откупна клазула

Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол е еден од најпосакуваните фудбалери на трансфер пазарот и голем број клубови сакаат да го доведат во своите редови.

Последните информации кои пристигнуваат од Германија е дека во неговиот договор со Лајпциг има откупна клазула која изнесува 110 милиони евра, сепак таа клазула не може да се активира пред 2024 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гвардиол одигра одлично Светско првенство и го привлече вниманието и на сите им е јасно дека Лајпциг добро ќе заработи од неговиот трансфер.

Неодамна тој стави потпис на договор до 2027 година и во него имало откупна клазула која се активира во 2024 година и изнесува 110 милиони евра.

По овие информации нема да биде изненадување ако Гвардиол наскоро стане најскап дефанзивец во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола спрема рекордна понуда за Виртц

Ѕвездата на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англи…