Манчестер Сити стигна 13. победа во Премиер лигата. Успеаа избранциите на Пеп Гвардиола да го совладаа Арсенал со 1:0 и така се зацврстија на првото место со десет поени повеќе од Лестер.
Шпанскиот стратег беше задоволен од триумфот против „Емирати“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Брилијантно. Беше ова тежок натпревар, еден од најтешките, поради начинот на кои играат. Имаат квалитет и идеја, Артета одлично ја познава нашата екипа. Среќен сум што дојдовме до победата“.
„Во првите 15 минути бевме одлични. Потоа до крајот на полувремето тие доминираа. Не намачија. На полувремето променивме некои работи и тактиката. Можеби можевме да постигнеме уште некој гол, но некогаш 1:0 е одличен резултат“, изјави Гвардиола.
Сити сега го чека натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах, а во сабота во Премиер лигата ќе играат против Вест Хем.