Пеп Гвардиола пронајде според него нов голем талент.
Како што пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчестер Сири спремил понуда за дефанзивниот играч за врска на Бенфика, Флорентин Луис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој 19 годишен фудбалер дури оваа сезона доби прилика да се најде во првиот тим на „Орлите“, а во неговиот договор доби клазула во износ од 60 милиони евра.
Во Бенфика сега се надеваат дека тоа можат да го променат и на талентираниот играч за врска му нудат нов договор со клазула од 100 милиони евра.
Ова момче е родено во Лисабон, од 2010 година е со клубот и ги помина сите младински селекции ПСЖ веќе испрати понуда за неговите услуги, но Бенфика ја одби, а скаутите во него гледаат одличен наследник на Фернандињо.
Луис има договор со Бенфика до 2023 година, Гвардиола изгледа сериозно загризал и „граѓаните“ би можеле да ја платат клазулата и да го доведат во своите редови веќе ова лето.
Инаку, Флорентин запиша само седум настапи за Бенфика во португалското првенство, постигна и еден гол, додека три пати доби шанса во Лигата на Европа. На теренот во официјални натпревари има поминато вкупно 750 минути.
Очигледно Пеп смета дека има огромен потенцијал кога е спремен да побара од управата на Сити за него да плати 60 милиони евра.
https://youtu.be/wyqnfHfyOII