Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Тешко е да сфатиме што се случи

Гвардиола: Тешко е да сфатиме што се случи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не можеше да го сокрие големото разочарување после елиминацијата од Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ.

„Граѓаните“ беа на неколку минути од победата, но на крајот примија два брзи гола и беа елиминирани, а Гвардиола единственото нема објаснување.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Бевме блиску, но не се пласиравме во финалето. Толку е едноставно. Нашата игра не одеше најдобро во првото полувреме. Не се претставивме добро, но противникот не ни пречеше со ништо. Откако постигнавме гол, игравме многу подобро, го најдовме нашето темпо и се чувствувавме удобно на теренот. Откако поведовме, очекував Реал да почне да напаѓа, напаѓа, напаѓа во последните 15 минути, но тоа не се случи. Не бевме притиснати на никаков начин, но фудбалот е непредвидлив“.

„Потребно е време за да сфатиме што се случи откако ќе стигнеме дома. Испратија многу луѓе во шеснаесетникот, Едер Милитао, Родриго, Винисиус,  Бензема. Почнаа да центрираат и постигнаа два гола. Во овие ситуации не го покажавме најдоброто од себе, но нормално е да има тензија во такво полуфинале. Едноставно има такви натпревари. Мора да го прифатиме тоа“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Селекторот на Белгија соопшти добри вести за навивачите

Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско вечерва изјави дека бекот Том Мен…