Играчот за врска на Ајакс, Френки де Јонг продолжува да ја воодупевува фудбалската јавност со своите одлични партии, па европските гиганти буквално се „тепаат“ за неговиот потпис.
Иако Барселона го следи веќе подолго време, шпанските медиуми тврдат дека фаворот за неговиот потпис во моментов е Манчестер Сити. Имено, „граѓаните“ се спремни да платат 80 милиони фунти за 21-годишниот плејмејкер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гвардиола знае дека Барселона и Реал Мадрид исто така се силно заинтересирани за играчот, па сака што е можно побрзо да го договори трансферот. „Крлевите“ во Де Јонг гледаат идеален наследник на Модриќ, додека Каталонците се спремни да понудат 130 милиони за двете ѕвезди на Ајакс.
Договорот на Де Јонг со Ајакс истекува во 2021 година, а холандскиот гигант во летниот преоден рок одби понуда за играчот од 50 милиони евра.
Manchester City boss Pep Guardiola is ready to step up his pursuit of £80m Ajax star Frenkie De Jong. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/gfpEggIsEm
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 17, 2018
https://youtu.be/qWQEe1jCAQk