Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.
За него силен интерес покажуваат Баерн Минхен и Манчестер Сити, кои нема да жалаат пари на лето да го доведат во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Сити во него гледа идеална замена за Едерсон, кој ова лето би можел да го напушти „Етихад“.
Меѓутоа, Милан ќе направи се за да го задржи 27-годишниот голман и веќе му спреми нов договор.
„Граѓаните“ наводно се спремни да понудат 80 милиони евра, сума која Милан тешко ќе може да ја одбие. Доколку се реализира тој трансфер Французинот ќе стане најскап голман во историјата.
🚨 Manchester City will look to sign AC Milan goalkeeper Mike Maignan if Ederson leaves this summer. 🇫🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 2, 2024
(Source: @TheSunFootball) pic.twitter.com/q8rtniQeAF