Манчестер Сити веќе ја започна потрагата по наследник на Серхио Агуеро, а медиумите на Островот тврдат дека „граѓаните“ спремаат мега-трансфер ова лето.
„Граѓаните“ се спремни да инвестираат сериозна сума и да го срушат клупскиот трансфер рекорд за да донесат нова ѕвезда во нападот. На првит две места на списокот на Гвардиола се наоѓаат Килијан Мбапе и Хари Кејн, а како трета опција се споменува и Лаутаро Мартинез, за кого сериозен интерес покаржува и Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Агуеро наскоро ќе наполни 32 години и веќе се гледа дека влегува во залезот на својата кариера, а Гвардиола призна дека ќе биде тешко да се пронајде негова замена. Притоа, раководството на „граѓаните“ сака сериозно да го засили тимот за да може следната сезона повторно да ја врати титулата на „Етихад“.
Најголемите желби на Гвардиола се напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн и ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Реализацијата на трансферот сигурно ќе биде многу тешка, но „граѓаните“ се спремни да платат и повеќе од 200 милиони евра.