Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола сака повторно да се врати во Мадрид, Симеоне пред (не)возможна мисија

Гвардиола сака повторно да се врати во Мадрид, Симеоне пред (не)возможна мисија

Атлетико Мадрид ќе се обиде да ја анулира негативата од 1:0 против Манчестер Сити на Ванда Метрополитано на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите во среда навечер.

Голот на Кевин Де Брујн на првиот меч во Манчестер ги стави избраниците на Пеп Гвардиола во добра позиција пред ова гостување во Мадрид.

Атлетико сега мора да нападне


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Планот за игра на Диего Симеоне беше едноставен на првиот меч во Англија – спречете го Сити да постигне гол и ништо друго не е важно. Симеоне играше во формација 5-5-0 во буквална смисла. Таков дефанзивен фудбал веројатно не е виден предходно во елитното европско натпреварување, дури и од многу послаби екипи од Атлетико.

Ваквиот пристап за малку ќе се исплатеше, но влегувањето на Фил Фоден донесе многу повеќе опции во Манчестер Сити, при што младиот англиски репрезентативец го проигра Де Брујн за водство од 1:0 во 70-та минута.

Актуелниот шампион во Ла Лига доживеа уште еден удар врз нивниот моментум изминатиот викенд. Имено, Атлетико и покрај големата фаворитска улога доживеа пораз од Мајорка со 1:0 во саботниот дуел во Ла Лига.

Симеоне бара пласман во полуфиналето за прв пат по 2016-17 година, а за тоа Атлетико мора прво да се обиде да шутира кон голот на противникот – што не го направи ниту еднаш во текот на сите 90 минути на Етихад.

Враќањето на домашните удобност на „Ванда Метрополитано“ значи оптимизам за Атлетико, кој победи на последните три домашни дуели во тамошното првенство, но од октомври 2020 година тимот на Симеоне не победил на домашен натпревар од Лигата на шампионите – оттогаш ремизирале на четири меча дома и загубиле три натпревари.

Сити со тежок распоред на натпревари

Тежок меч одигра Сити изминатиот викенд во Премиер Лигата. Де Бруин и Габриел Жесус му донесоа предност на Сити од 2:1 на мечот со Ливерпул кога можеше да се реши прашањето за титулата. Сепак, Мане на почетокот на вториот дел со својот гол ги постави конечните 2:2. Сити беше подобар на теренот, но тоа не се покажа како доволно за победа и разликата од еден бод меѓу двата тима на врвот на тебалата остана непроменета.

За да бидат нештата уште покомплицирани, по овој меч во Мадрид, Сити следниот викенд игра повторно со Ливерпул, овој пат во полуфиналето на ФА Купот. Тежок распоред, но во исто време распоред кој може да донесе титули на повеќе фронтови.

Целосно импресивната серија на гости покажа дека тимот на Гвардиола, кој направи серија од 12 натпревари без пораз на гостински терен – победувајќи на 10 од нив – додека тие исто така примија само еден гол во последните 630 минути на гостински терен.

Нема сомнеж дека Сити ќе игра далеку попретпазливо за разлика од првиот дуел, но со оглед на фактот дека Атлетико конечно ќе мора да се отвори и да нападне, веројатно Пеп и Сити ќе имаат полесна задача во офанзивата за разлика од дуелот во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди Мбапе

РЕАЛ МАДРИД ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 н…